17.8 C
Скопје
23:40 - 7 септември, 2026

Еве колку заработила Цеца минатата година: Објавени се официјалните приходи од нејзината компанија

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и понатаму бележи високи приходи преку својата компанија, а фирмата официјално ја води нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, објави српскиот портал „24седам“.

Според официјалните податоци од Агенцијата за стопански регистри, компанијата „Цеца мјузик“ во текот на минатата година остварила бруто приход од околу 1,94 милиони евра. Сепак, пријавени биле и значителни трошоци во износ поголем од 1,5 милиони евра, па конечната нето добивка изнесувала 424.005 евра.

Иако заработката и натаму е висока, податоците покажуваат дека добивката е помала во споредба со претходната година. Во 2023 година компанијата пријавила нето добивка од над 541 илјада евра, што значи дека профитот е намален за околу 22 проценти.

Од друга страна, приходите на компанијата бележат раст. Во споредба со 2023 година, бруто приходите во 2024 се зголемиле за околу 21 процент, но значително пораснале и расходите, што директно влијаело на конечната заработка.

Медиумите во Србија потсетуваат дека Цеца веќе со години работи преку сопствената фирма, а деловното работење формално го води нејзината сестра Лидија, која важи за една од најблиските личности во нејзиниот приватен и професионален живот.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....