04:58 - 29 ноември, 2026

„Секоја грешка е лекција“: Џенан Лончаревиќ проговори за приватниот живот, алкохолот и кафеаните

Иако со години успешно избегнува да зборува за приватноста, Џенан Лончаревиќ сега се осврна на некои теми.

Пејачот неодамна и официјално се разведе од сопругата Самира, а иако таа упати бројни обвинувања, пејачот избегнува да зборува на оваа тема.

Меѓутоа, тој сега ја искористи приликата за првпат да проговори за својот приватен живот.

„Јас не би го променил мојот живот. Секоја грешка што сум ја направил е лекција, се разбира, за утре да не направам нешто слично. И да можат да влијаат на сите оние што ги сакаат, за да не ја направат истата грешка“, изјавил Џенан.

Сепак, има нешто што би сакал да промени кај себе.

„Мислам дека не се разликувам многу од другите луѓе. Знам како да го пренесам за да страдаат и другите со мене“, рекол тој.

Пејачите често ги поврзуваат со боемски живот во кафеани, но Џенан истакнува дека не е голем љубител на алкохол и кршење чаши.

„Сакам да одам, но одамна не. Не сакам да се опивам. Мислам дека двапати се опијанив“, изјавил тој за „ТВ Е“.

Последниве месеци често ги полнеше насловните страници, а како што вели може да го погодат невистините.

„Ние сме под лупа, но ние сме и обични смртници“, посочил тој.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....