12.8 C
Скопје
18:35 - 19 април, 2024

Сакате да ослабнете, ама не сакате да гладувате? Можно е! ЛИПО рецепти пред кои ќе подзинат и најголемите гурмани

Секој што почнува диета, редовно си ги поставува прашањата: дали ќе чувствувам глад, дали исхраната ќе стане еднолична, здодевна, дали ќе јадам сирови, блуткави, невкусни намирници? Добрата вест е дека во протоколот на липосукциска исхрана – оброците се превкусни!

Сакате да ослабете здраво и едноставно, а при тоа да јадете вкусна храна? Звучи добро, нели? Сакате да спроведете диета, ама таа да биде без многу комплицирани правила, видови на јадења, броења на калории…? И тоа е можно.  Липосукциската програма вклучува протокол на исхрана со кој ни се олеснува дилемата околу тоа што треба, а што не треба да консумираме, и ја исклучува секоја „таблица на множење и делење“. Чувство на глад и пад на енергија нема, зашто тука се и суплементите во вид на протеински напивки – „Липо алфа“ и „Липо бета“, заситуваат и го забрзуваат процесот на слабеење и топење на мастите на најкритичните места.

Липосукциската исхрана се темели на консумирање на природни масти и елиминација на јаглени хидрати. Оброците се богати со протеини и зеленчук. Диетотерапијата го поддржува враќањето на исхраната на нашите предци и избегнување на конзервирани, полуготови и рафинирани производи. За време на протоколот, се консумираат и додатоци во исхраната, аминокиселини кои го стимулираат распаѓањето на мастите во организмот.

Сите оброци детално се планирани од тимот нутриционисти на „Интернешнал хелт“ и се целосно адаптирани на потребите на поединецот. На пример, за појадок можат да се консумираат и домашни кекси со цимет, смути напивки, омлет со кашкавал, туна, пилешка салата или плескавици од тиквички. За ручек – пилешки плескавици, крем супа од печурки, полнети шницли, риба, свежи салати, додека пак, вечерата е главен оброк кога може да се консумира и бифтек, пилешки крилца, пилешки батак, морски плодови, односно изворна храна која е богата со протеини. Добрата вест за оние кои не можат да се откажат од слатки е во тоа што се дозволени десерти базирани на овошје, поточно на природни шеќери што не се претвораат во масти.

Ви носиме неколку рецепти – предлог оброци според протокол на липосукциска исхрана, пред кои ќе подзинат и најголемите гурмани.    

Печени пилешки крилца со свежа зелена салата

Препорачуваме крилцата да ги зачините со вашите омилени зачини босилек, маслиново масло и сол. Испечете ги во загреана рерна. Како невообичаен „твист“ ви предлагаме да исцедите сок од лимон или лимета. Ќе добиете вистинско освежување во дегустирањето на пилешко месо. Како прилог можете да јадете салата од краставици, тиквички и ротквици.

Липо тортиља од тиквички за добро утро!

Ставете 2 исечени тиквички во блендер, додадете 2 јајца, 20 грама полномасно сирење (на пример моцарела или чедар), бибер и сол, маслиново масло и мешајте сè додека смесата убаво се соедини. На крајот додадете магдонос и измешајте ја смесата. Стопете малку путер на тавата и направете тортиљи. Идеално е да се јадат изладени со малку крем или мајонез.

Нутритивен состав: калории: 92, јаглени хидрати: 5 гр, протеини: 6 гр, масти: 5 гр, растителни влакна: 2 гр.

приватна архива
приватна архива

Липо хот дог

Одличен и вкусен предлог за ручек.
Состојки: 2 чаши рендана моцарела; 1 чаша бадемово брашно; 1 лажиче сол;
1 лажиче лук во прав; ½ лажиче чили; виршли; крем сирење; бибер; магдонос.
Добар апетит!

Обезбедете бесплатна консултација со д-р Валентина Крстеска, разговарајте за вашиот личен проблем и согласно истиот ќе добиете најдобро решение за слабеење. Протоколот за слабеење и менито на исхрана се дизајнира за секој клиент поединечно!

приватна архива

Центарот за липосукцијска исхрана „Липо диет“ се наоѓа во строгиот центар на Скопје, на ул. „Димитрије Чуповски“ бр. 22, или јавете се на телефоните 02 315 1714 и 070 535 033.

 

Слични објави

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо
Се вчитува....