23.8 C
Скопје
16:07 - 29 септември, 2026

САД ја санкционираа (меѓу другите) девојката на Путин, Алина Кабаева: ѝ ги блокираа американските имоти на поранешната гимнастичарка

 САД ја санкционираа (меѓу другите) девојката на Путин, Алина Кабаева.

Во вторникот (вчера), администрацијата на Бајден воведе санкции за наводната девојка на рускиот претседател Владимир Путин, Алина Кабаева и многу други богати Руси.

Кабаева, поранешна олимписка гимнастичарка, наводно ја предводи националната медиумска група про-Кремљ, а Министерството за финансии објаснува дека има „блиски односи“ со Путин. Целиот имот што го поседува Кабеава во САД ќе биде замрзнат.

Министерството за финансии воведе и санкции за рускиот милијардер Андреј Гурјев, поранешен функционер на Кремљ и основач на руската хемиска компанија ФосАгро, и неговиот син.

Санкции добија и рускиот милијардер Виктор Рашников и неговата руска компанија за челик ММК, како и две нејзини подружници.

Наталија Попова, првиот заменик директор на руската технолошка компанија „Инопрактика“, исто така ќе биде предмет на нови санкции.

„Министерството за финансии ќе ја користи секоја алатка што ни е на располагање за да се погрижи руските елити и поддржувачите на Кремљ да одговараат за нивното соучесништво во војната што чини безброј животи“, повтори секретарот за финансии Џенет Јелен.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.
Се вчитува....