7.8 C
Скопје
07:12 - 29 март, 2024

Елтон Џон го нарече Мајкл Џексон „ментално болна и вознемирувачка личност“

Легендарниот Елтон Џон го нарече „кралот на попот“ Мајкл Џексон „ментално болна, вознемирувачка личност“ во неговата автобиографија „Јас: Елтон Џон“.

Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата поврзаност со покојната контроверзна ѕвезда.

-Го познавав Мајкл уште од 13 или 14 години. Тој едноставно беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа, тој почна да се одвојува од светот и реалноста, како што тоа го направи Елвис Присли – напиша Џон во својата автобиографија.

Елтон во книгата зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.

-Господ знае што му се случуваше во главата, а и самиот Господ знае со какви лекови на рецепт го полнеја. Секогаш кога го гледав во неговите подоцнежни години, се враќав мислејќи дека кутриот тотално ги изгубил нервите. Тоа не го мислам на безгрижен начин. Беше навистина ментално болна, вознемирувачка личност – напиша познатиот пејач.

Освен Џексон споменува и бројни други ѕвезди

Во јануари оваа година, Џексон беше тема на документарниот филм на HBO, Leaving Neverland, кој ги истражуваше неговите несоодветни односи со децата и го обвини за сексуална злоупотреба. Иако Џон не се осврнува на горенаведените наводи, тој алудира на посебната опсесија на Џексон со децата.

– Се чинеше дека воопшто не може да се носи со друштвото на возрасните – опиша Елтон Џон.

Џексон не е единствената ѕвезда за која Џон зборува во мемоарите. Автобиографијата вклучува голем број други анегдоти, вклучително и вечерата на која Силвестер Сталоне и Ричард Гир за малку ќе се скарале поради принцезата Дијана, дружењето со кралицата, неговата расправија со Тина Тарнер и неговиот тежок однос со мајка му, за која вели дека му е мило што никогаш не ги запознала неговите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Jackson (@michaeljackson)

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....