10:27 - 4 ноември, 2026

Руска тенисерка ја смени националноста за да игра на Вимблдон

29-годишната Натела Џаламидзе зела грузиски пасош. Организаторите на Вимблдон во април објавија дека на руските и белоруските тенисери ќе им биде забрането да се натпреваруваат оваа година по руската инвазија на Украина.

Руската тенисерка Натела Џаламидзе ја промени националноста и зема грузиски пасош за да игра на Вимблдон. Бројот 43 на ВТА рангирањето, специјалистка во двојки, ќе учествува во пар со српската тенисерка Александра Круниќ.

Не е познато кога за прв пат е поднесена нејзината апликација за пасош и промена на државјанство, но упатените изјавија за британски „Тајмс“ дека се е направено според правилата.

„Националноста на играчите, дефинирана како знаме под кое тие играат на професионалните настани, е договорен процес што е регулиран од турнеите и ИТФ (Меѓународната тениска федерација, уред.)“, рече портпаролот на клубот од Ол Англија.

Организаторите на турнирот во Лондон во април објавија дека нема да примаат руски и белоруски тенисери како одговор на инвазијата на владата на Москва во Украина.

Џаламидзе е родена во Москва на 27 февруари 1993 година и, иако нејзиното име и презиме се со грузиско потекло, не е јасно какви се нејзините точни семејни врски со Грузија.

На Отвореното првенство на Франција минатиот месец, Џаламидзе настапи како неутрална спортистка заедно со својата сонародничка Камила Рахимова и загуби во првото коло. Ова ќе ѝ биде биде трет пат да настапи на Вимблдон.

Забраната за играчите на Вимблдон од Русија и Белорусија предизвика контроверзии низ тенискиот свет. УС Опен минатата недела објави дека руските и белоруските играчи ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Одлуката на Вимблдон исклучи многу машки и женски врвни играчи, еден пред се – Даниил Медведев, актуелниот број еден во светот, но и Андреј Рубљев и Викторија Азаренка, двократни победници.

Слични објави

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.
Се вчитува....