18:08 - 22 септември, 2026

Држите диета, а пак се дебелеете? Внимавајте на овие 7 намирници со скриени шеќери

Со денови сте на строга диета, а стрелката на вагата никако не се поместува. Можеби проблемот е во скриениот шеќер во намирниците кои ви изгледаат диетални. Еве на што треба да внимавате.

Сосови

Речиси сите сосови за тестенини, иако на амбалажата имаат слика од шарен зеленчук, содржат шеќер. Кечапот исто така содржи шеќер, без разлика дали на него пишува „благ“ или „лут“. Повеќето од чили сосовите содржат шеќер. Шеќер содржат најголем дел од доматните сосови, па дури и доматното пире. За да ги избегнете овие скриени шеќери, прочитајте го составот на етикетата. Ќе се изненадите дека од десеттина вакви производи, само на еден може да не го прочитате шеќерот во составот, на етикетата.

Пилешко месо

Уморни сте од работа и наједноставно ви е да купите готово пилешко месо спакувано во супермаркетот. Ваквото пилешко месо, покрај додатоците и конервансите, најчесто содржи и шеќер. Шеќер содржи и пилешката салама и пилешките виршли.

Мед

Иако е сладок сам по себе, индустријскиот мед често е збогатен со дополнителен шеќер. Со тоа производителите добиваат на количина, но го менуваат и вкусот на медот.

Зеленчук

Судбината на сосовите ја дели и конзервираниот зеленчук. Грашокот, морковот, а особено пченката содржат поголема количина на дополнителен шеќер.

Овошен јогурт

Јогурот е здрава намирница, а овошниот јогурт изгледа како идеален за диетите. Сепак, за да се сокрие киселкастиот вкус на обичниот јогурт, производителите додаваат овошје кое содржи многу шеќер. Подобро е сами да си додадете сечкано свежо овошје во чаша обичен јогурт.

Суво овошје

На љубителите на слатките за време на диетите им се препорачува суво овошје како замена за чоколада и кекси. Пакувањата суво овошје содржат голема количина на додаден шеќер.

Сок од портокал

Пакуваните сокови од портокал, и покрај тоа што на нив пишува сто отсто сок, содржат дополнителни шеќери. Истото важи и за лимонадата и ледениот чај. Поздрава варијанта е свежо цеден сок од портокал на кој ќе му додадете лимон и лажичка мед.

Слични објави

(Фото) Полноќно изненадување за Маја Шупут во хотелската соба – го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Еспресо

(Фото) Сања Кужет ја доведе линијата до совршенство – откри како ослабе 18 килограми по породувањето

Еспресо

(Фото) Браќата од „Некст тајм“ наполнија 40 години — малата Лиана остана будна до полноќ за да слави со тато

Еспресо

Алка Вуица ужива во улогата на баба: „Ни донесе среќа во нашето уметничко семејство“

Еспресо

Сергеј Варошлија отворено за нарушените односи со Лила Филиповска: „Не сакам да имам негативен електрицитет кон никого“

Еспресо
Се вчитува....