18:25 - 7 ноември, 2026

Русија забрани влез за Бајден, Зукенберг и Морган Фримен; за Трамп нема забрана

Руското Министерство за надворешни работи објави список од речиси илјада американски државјани на кои им е забранет влез во Русија, наведувајќи дека на списокот има 963 граѓани, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден. Мерката е донесена како одговор на американските антируски санкции.

Покрај Бајден, на листата се и државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на ЦИА Вилијам Барнс, како и извршниот директор на Мета Марк Закерберг и актерот Морган Фримен.

Помеѓу 963 американски личности на кои им е забранет влезот на територијата на Руската Федерација како одговор на „непријателските акции“ на Вашингтон се политичари, новинари, па дури и мртви луѓе, како што е поранешниот републикански претседателски кандидат Џон Мекејн, кој почина во 2018 година.

Поранешен претседател на САД Доналд Трамп не е забранет.

Дополнително, „како одговор на новите санкции објавени од канадските власти“, Русија им забрани влез во земјата на 26 канадски државјани, вклучувајќи ја и сопругата на премиерот Џастин Трудо, Софи Грегоар Трудо и командантот на канадските воздухопловни сили Ерик Џин.

Минатиот месец Москва им забрани на десет британски владини претставници да влезат на нејзина територија, вклучително и на премиерот Борис Џонсон, министерката за надворешни работи Лиз Трас и министерот за одбрана Бен Валас.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....