22:11 - 8 ноември, 2026

Руши рекорди: Милош Биковиќ за седум дена заработи 25 милиони евра

Најновиот филм на популарниот српски актер Милош Биковиќ, „Слуга 2“, ги руши сите рекорди во Русија. Како што пишуваат српските медиуми, филмот веќе го погледнале шест милиони луѓе.

Руската комедија, во режија на Клим Шипенко, со Милош Биковиќ во главната улога, во Русија се прикажува од 1 јануари, а за само една недела филмот заработи речиси две и пол милијарди рубљи, што е околу 25 милиони евра, пишува рускиот сајт „Кинометро“.

Првиот дел од оваа комедија, кој излезе во 2019 година, стана најгледаниот филм во историјата на руската кинематографија со заработка од нешто повеќе од три милијарди рубљи.

Покрај Милош, главните улоги во филмот „Слуга 2“ ги толкуваат и Аглаја Тарасова и Александар Самоленко.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....