12:44 - 2 ноември, 2026

Разговор со Ангела – ПРВАК ВО СВЕТОТ: „Никогаш не сметав дека ќе бидам прва во светот“

Светот слушна за Ангела Петрушевска – тинејџерка со вистински талент во полето на уметноста.

Не очекував да освојам прво место, си мислев дека ако некое чудо се случи ќе освојам третто место најмногу, фото – приватна архива

Леопардот на 16 годишната Ангела Петрушевска е избран за најдобар во конкуренција на 23.862 цртежи од 92 држави, на 20-то Канагаве биенале за детска изложба во Јапонија.

– Никогаш не сметав дека ќе станам прва во светот, не мислев дека ќе станам уметник воопшто. Како мала многу ме интересираа коњите, сакав да ги цртам и подоцна почнав да цртам животни. Затоа и конкурирав на биеналето со цртеж од леопард – вели Ангела.

Од кога паметам за себе нешто цртам, низ насмевка вели Петрушевска, која не е само новото име во полето на сликарството во Македонија, туку и во светски рамки.

За конкурсот во Јанпонија, дознала од нејзина наставничка – која го забележала талентот за цртање.

– За натпреварот ме информираше мојата наставничка Соња Поповска Трајковска. Ми рече да нацртам нешто, си реков зошто да не. Не очекував да освојам прво место, си мислев дека ако некое чудо се случи ќе освојам третто место најмногу. Сериозно си ја сватив работата, три дена го работев цртежот – се смее Ангела.

Талентот можеби не е случајност, вели Ивана, мајката на Ангела, потенцирајќи дека како мајка, но и целото семејство се навистина горди на Ангела што со својата дарба докажала дека може да биде прва во светот, во областа на цртањето.

– Голема гордост е да имаш дете кое е прво не само во Македонија туку и во светот. Јас сум среќна и горда мајка на Ангела. Благодарение на наставничката Соња, конкуриравме. И се случи цртежот на Ангела да победи во конкуренција од 23.862 цртежи од 92 држави – вели Ивана.

Од чкртање со боички до цртеж кој победи илјадници други, не само Македонија, туку и светот слушна за Ангела Петрушевска – тинејџерка со вистински талент во полето на уметноста.

фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива

 

Слични објави

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.
Се вчитува....