25.8 C
Скопје
16:38 - 28 април, 2024

МОЌНА МЛАДА МЕСЕЧИНА НА 1 април: Што ќе им донесе на хороскопските знаци? Што треба да направат за посреќна иднина!

девојка месечина

Почетокот на април 2022 година ни носи моќна млада Месечина во знакот на Овен. Енергијата на оваа млада Месечина нè охрабрува да го истражуваме нашето битие, да ја пронајдеме онаа карактеристична автентичност што нè прави големи, уникатни, единствени. На 1 април ќе имаме  моќна можност најискрено да комуницираме со „внатрешното јас“ и да сфатиме што треба да се промени во животот за да бидеме посреќни.

Без разлика на кој хороскопски знак припаѓате оваа моќна Месечина ќе побара од нас да ги ставиме нашите потреби на прво место.

Добро е да им помагаме на другите, но од 1 април мораме повеќе да работиме на себе!

Кога Марс, владетелот на оваа млада Месечина, доаѓа во контакт со Сатурн, планетата на одговорноста, оваа млада Месечина е совршено време да направиме план за иднината, а потоа да почнеме да преземаме активности кои можат да не водат до нашите соништа.

Периодот на младата месечина може да биде чудесен за визуелизација, афирмации, манифестација на желби. Можете да го привлечете она што вашата душа одамна го посакува, но важно е да бидете трпеливи и да работите на себе – кога работите на вашиот личен развој, животот работи во ваша корист.

ОВЕН – Оваа млада Месечина ве прашува дали сте доволно храбри да го отворите вашето срце? Не е страшно да покажете ранливост, застоа поделете ги своите надежи и болки со саканите.

БИК – Мисија на оваа млада Месечина е да ви порача да одморите и што повеќе време да посветите на себе. Ослободете се од идејата дека секогаш мора да бидете „посветени“ на семејството и на работата.

БЛИЗНАЦИ -Оваа млада Месечина ви отвора нови почетоци особено на љубовен план. Ако навистина не сте задоволни од врската, Месечината ве повикува да ја прекинете, зашто зад аголот е нова и многу поубава.

РАК – Сега е вистинско време да смените работа или да почнете сериозно да го сфаќате вашето хоби. Можеби ќе напишете книга? Ќе смените професија? Секоја промена на работно поле ќе ви донесе голем успех во иднина.

ЛАВ -Авантурата ве повикува, прашање е дали сте спремни да одговорите? За вас оваа Мада Месечина се однесува да резервирате патување и да станете уште поактивни.

ДЕВИЦА – Повторувајте си, како мантра, дека вие заслужувате среќа. МладатаМесечина ве повикува да расчистите со компромисите и конечно да го ставите во приоритет она што вие го сакате.

ВАГА – Ако сонувате за нова љубов, ова е вистинскиот момент. Оваа енергија може да се изрази во спалната соба, но може и да создаде многу длабока релација.

ШКОРПИЈА – Здодевно ви е? Токму оваа млада Месечина ве повикува да ги отворите вратите за експериментирање, флертување, прошетки, дружења, и треба да ја искористите таа енергија!

СТРЕЛЕЦ – Што би направиле кога би можеле да направите билошто сакате? Одговорете си искрено на ова прашање и потоа – направете го тоа!

ЈАРЕЦ – Дали преземате повеќе одговорност отколку што разумно се очекува од вас? Оваа млада Месечина ви носи прилика да направите баланс.

ВОДОЛИЈА -Време е за дигитален детокс! Притиснете го копчето за рестартирање на вашата енергија!

РИБИ -Со оглед на тоа што иднината ви гарантира материјална сигурност, сега е вистинско време да се запрашате што сакате од иднината. Искористете го ова време да вложите во вашето најголемо богатство – соништата!

 

Слични објави

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо
Се вчитува....