01:50 - 13 ноември, 2026

Еве кој славен глумец го вдоми кучето на ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС: „Кучево бара дом“ – рече Кертис на сцената на Оскарите

Во театарот Долби, актерката го донесе малиот Мек-Н-Чиз, кој ја придружуваше во нејзиниот говор во спомен на Бети Вајт.

Следниот ден Џон Траволта и неговиот син Бен решиле да го однесат кучето дома.

На ноќта на Оскарите 2022, Џејми Ли Кертис излезе на сцената држејќи во прегратка куче по име Мек-Н-Чиз: говорот на актерката беше во знак на почит на американската ТВ легенда Бети Вајт, која отсекогаш имала големо срце за животните и секогаш се борела да ги заштити. На крајот, актерката упати апел: кучето што го држи бара дом. Така, следниот ден Џон Траволта решил да го посвои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Тој самиот ја соопшти веста, објавувајќи на својот Инстаграм профил фотографија со синот Бен (11) и малиот Мек-Н-Чиз: „Бен го посвои ова куче благодарение на синоќешното оддавање почит на Бети Вајт на Оскарите. Благодарам Џејми Ли Кертис“, напиша Траволта. 

Веднаш потоа се огласи и Кертис заблагодарувајќи му се на Џон Траволта за хуманоста и известувајќи ги своите следбеници дека кученцето е вдомено. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....