16:49 - 8 ноември, 2026

Путин сака да ја доведе рубљата до златен стандард: Пропаднаа ли санкциите против Русија?

Рубљата се врати на предвоените вредности, дали навистина пропаднаа санкциите против Русија?

Курсот меѓу рубљата и доларот (и еврото) е речиси на нивото пред почетокот на војната меѓу Русија и Украина, и покрај санкциите.

До ноември 2014 година, Банката на Русија ја држеше рубљата фиксирана за доларот. Со кризата на цената на нафтата, беше одлучено да се пушти слободно да „котира“ на девизниот пазар. Таа отиде од 34,50 на над 80 во однос на зелената банкнота во период од 14 месеци. Потоа започна бавното закрепнување заедно со зајакнувањето на цените на нафтата. Оваа година, курсот дебитираше на 75 рубли за 1 долар. На крајот на февруари, по руската инвазија на Украина и воведувањето на остри санкции од страна на Западот, потона на 140.

Минатата недела, откако претседателот Владимир Путин се закани дека ќе прифати само плаќања за гас во рубљи, ја доведе рубљата до курс од 83 во однос на доларот. Практично, исто како и во деновите пред почетокот на војната. Меѓу аналитичарите се рашири верувањето дека западните санкции, иако екстремно остри, се покажаа слаби против Русија, пишува сајтот „инвестиреоџи“.

Всушност, во Русија се случи епохален настан кој многумина не го забележале. Соочени со западните санкции без преседан, Русија ефективно влезе во системот на златен стандард. Централната банка утврди фиксен курс на рубљата во однос на златото, до 30 јуни, за сума од 5.000 рубљи за грам. За оваа сума регулаторот купува злато од физички и правни лица. Сега курсот на рубљата го одредува главно златото. Целта е рубљата што поскоро да се направи „потешка“, а нејзиниот девизен курс во однос на доларот и еврото сега флуктуира во мал опсег поврзан со понудата и побарувачката на валутата.

Уште еден епохален настан го привлече вниманието на пошироката јавност. Русија одлучи да го продава својот гас (и не само гасот) во рубљи. Ова ќе ги принуди поранешните „партнери“ да ги претворат своите пари во рубљи. Целта е да се формира независен систем за плаќање, базиран на златната рубља, кој ќе ѝ служи на земјата и ќе стави крај на суперпрофитот на западните паричници.

Според аналитичарите, Путин всушност се подготвувал за овој чекор долго време: создавање систем за плаќање во рубљи, независен од доларот и од западните финансиски институции. Да потсетиме, со овој метод, познатиот Американец  Џорџ Сорос во 1992 година успеа да ја фрли на колена Банката на Англија, „заработувајќи“ милијарда долари со поткопување на британскиот монетарен систем.

Затоа, Русија воведува независен финансиски систем во рубљи, заснован на реалната економија и ресурсите на земјата и поддржан од златни резерви. Понатаму, според аналитичарите, целта е ваквата нова реалност да не се однесува само на Русија, туку и на други земји, кои би почнале да ги напуштаат доларите и еврата во корист на нешто постабилно, што е поддржано од реалните вредности.
Знаејќи го ова, сметаат аналитичарите, тековната војна веќе се претвора во светска војна меѓу Истокот и Западот, каде бојното поле е украинската почва, пренесува „виетатопарларе“.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....