04:36 - 29 ноември, 2026

Пукање во толпа луѓе во Филаделфија, тројца мртви и тринаесет повредени

Два нови вооружени напади во САД. Едно во Филаделфија, друго во Аризона. За сега нема уапсени.

Бројот на загинати се искачи на три во ноќните престрелки во Филаделфија. Најмалку 11 се повредени, додека локалната полиција објасни дека одговорила на повикот кој содржел информација дека лице на улица држи огнено оружје во толпата, објави Впви-ТВ.

Полицаец на местото на настанот видел како маж пука во луѓе. Во моментов нема вести за состојбата на повредените, ниту еден полицаец не е погоден.

А, нема ни уапсени. Полицијата трага по наоаѓачот, и објави „аларм“ на Твитер, повикувајќи го населението да ја избегне областа.

Вчера пак, се случи и пукање во Феникс. Една жена е убиена, а осум други се повредени во пукање во трговски центар во Феникс, Аризона. Околу стотина луѓе биле собрани на некаква забава кога започнала престрелката меѓу различни групи, прво во трговскиот центар, а потоа на паркингот и на улица. Неколку истрели биле испукани врз толпата додека убиецот избегал, соопшти полицијата. Две жени се хоспитализирани и се во животна опасност. Меѓу повредените има и дете. Засега нема апсења, пренесува анса.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....