15:35 - 4 ноември, 2026

Прва понуда за нов филм за Деп по победата на Херд: Продолжение на стар хит хорор од „Парамаунт“

Писателката Линдзи Бир потпиша договор со филмското студиото „Парамаунт“ за да го режира продолжението на хорор-филмот од 1999 година со Џони Деп, со наслов „Sleepy Hollow“.

Бир ќе работи заедно со Тод Гарнер и Спенсер Вокен од Broken Road Pictures, на сценариото и продукцијата на филмот, а веста веќе ја објавија американските весници.

Оригиналната приказна на Sleepy Hollow е од американскиот писател Вашингтон Ирвинг, историчар, биограф и писател од раниот 19 век.

Покрај филмот од 90-тите, приказната беше проследена и со ТВ серија во 2010 година, која се емитуваше четири сезони пред да биде откажана.

Најпознатата адаптација, сепак, беше римејкот на Paramount од 1999 година, во режија на Тим Бартон со Џони Деп како Ичабод Крејн. Филмот заработи повеќе од 200 милиони долари на светските киноблагајни  и сè уште се смета за задолжителен кога станува збор за Ноќта на вештерките. Кристина Ричи ја играше љубовта на Деп, додека Кристофер Вокен, Миранда Ричардсон и Каспер Ван Диен глумеа во други значајни улоги.

Сега, Линдзи Бир покрена иницијатива за продолжение на филмот, секако, повторно со Деп во главна улога.

 

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....