– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови за локална појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за краткотраен пороен дожд и грмежи, а максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени. Потоа утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека повторно услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во петок како и за време на викендот. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Слични објави
Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија
(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“
(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа
Се вчитува....
