21.8 C
Скопје
13:21 - 14 мај, 2026

Јелена Докиќ: „Бев спремна да се фрлам од 26 кат“, поранешната тенисерка број 4 во светот со трогателна исповед за борбата со депресијата

Јелена Докиќ, 39-годишната поранешна тенисерка, на социјалните мрежи ја раскажа својата трагедија. Извонредниот талент на рекетот, поранешната број 4 во светот, морала да се справи со прилично комплицираниот живот кој ја однесе на чекор до самоубиство.

фото инстаграм

Прво строгиот татко, потоа други „демони“ кои ја условувале. Јелена посочува прецизен датум, 28 април 2022 година, кога била на 26-от кат и размислувала да се фрли.

За среќа, не го сторила тоа, и на социјалните мрежи реши сè да раскаже:

„28 април 2022 година. Во момент стоев на мојот балкон на дваесет и шестиот кат за да си го одземам животот. Никогаш нема да го заборавам тој ден. Сè ми е матно, сè е темно. Нема звук, нема слика, ништо нема смисла… само солзи, тага, депресија, вознемиреност и болка“, вели таа, објавувајќи фотографија од неа, облеана во солзи.

„Изминатите шест месеци беа тешки. Континуиран плач, секаде. Од криење во тоалетот на работа, до бришење солзи за никој да не види, кога сум дома. Сè тоа стана неиздржливо. Постојаните чувства на тага и болка не исчезнуваа и мојот живот беше уништен. Јас сум виновна, мислам дека не заслужувам да бидам сакана и се плашам. Знам дека има многу работи за кои можам да бидам благодарна, но потоа почнувам да се мразам себеси затоа што се чувствувам така и само сакам да го надминам тоа. Тоа е маѓепсан круг во мојата глава. За малку ќе скокнав долу од мојот балкон на 26-ти кат на 28 април“ – раскажува Јелена и продолжува – „Никогаш нема да го заборавам тој ден, само сакав да завршат болката и страдањето. Бев навистина на работ, не знам како успеав да го надминам тоа, подоцна. Можеби затоа што сум професионалец, тоа помогна, ми го спаси животот. Ова не е лесно да се напише, но отсекогаш сум била отворена и искрена со вас и цврсто верувам во моќта да ги споделиме нашите приказни за да ги надминеме ваквите моменти помагајќи си еден на друг.

Ова го пишувам затоа што знам дека не сум единствената што доживува вакви моменти. Знајте дека не сте сами. Не ви велам дека сега сум добро, но дефинитивно сум подобро и сум на подобар пат. Некои денови се добри, други помалку. Понекогаш правам чекор напред, понекогаш чекор назад, но сега се борам и чувствувам дека можам да излезам од тоа“, раскажува поранешната тенисерка и ветува : „Ќе се вратам, посилна од порано“.

 

Слични објави

Сале Тропико најави брак, а Јована Пајиќ порачува — „Осуден си на разделување…“

Е.А.

(Фото) Голема среќа во семејството на Ѓоко Јовиќ, убавата Теодора е матурантка

msp-admin

Вечерва се одржува второто полуфинале на Евровизија: Според обложувалниците, Данска е најголем фаворит за влез во финалето

Т.Ц.

Мис Бугарија и капитенот на Левски го очекуваат своето второ дете — по големата трагедија, семејството сподели среќна вест

Е.А.

Атина и Ника го украдоа шоуто — Душко Тошиќ го следеше финалето на Купот на Србија со наследничките 

Е.А.

За неа летото веќе започна — Ана Ивановиќ ги „подгреа“ социјалните мрежи со нови фотографии

Е.А.
Се вчитува....