23.8 C
Скопје
14:57 - 29 септември, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл не се поканети на приемот пред погребот на Елизабета Втора

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл не биле поканети на приемот пред погребот на покојната кралица Елизабета Втора во Бакингемската палата, пренесува Телеграф.

Настанот го организираше кралот Чарлс III. Светските лидери и други членови на кралското семејство се поканети на приемот, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Првично требало да бидат на настанот приутни и војводите од Сасекс, но потоа кралските помошници ги информирале дека на приемот се поканети само членови кои имаат работни обврски во кралското семејство.

„Тие се збунети од оваа конфузија и не разбираат дали треба да присуствуваат или не“, изјавил извор за Телеграф, истакнувајќи дека поради одбивањето на должностите на војводите, Хари и Меган не се обврзани да го следат протоколот и да присуствуваат на овој настан.

Погребот на британската кралица Елизабета Втора ќе се одржи во Лондон на 19 септември.

Потсетуваме дека претходно беше објавено дека одлуката за титулите на децата на Меган и Хари ќе биде објавена по завршувањето на жалоста за кралицата.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....