17.8 C
Скопје
14:51 - 18 октомври, 2026

ПРИНЦ ХАРИ организира враќање во Лондон со двете деца, кралското семејство уморно од „сапуницата“ на Хари и Меган!

Според најновите вести кои ги пренесуваат англиските таблоиди, се чини дека на кралското семејство и на принцот Чарлс им е доста од „сапуницата“ на принцот Хари.

Сепак, помошниците на принцот планираат начин Хари да се врати во Англија заедно со децата  за да присуствува на прославите на платинестиот јубилеј на кралицата.

Иако војводата од Сасекс јавно изјави дека не одлучил дали ќе учествува или не на настаните, неговите најблиски советници веруваат дека сака да ја исполни желбата на својата баба. Всушност, за време на неговата последна ненадејна посета на Виндзор, кралицата го замоли да му се придружи на нејзиното семејство ова лето.

Присуството на Хари и Меган би им нанело многу проблеми на персоналот од Бакингемската палата, поради низа недоразбирања. Особено по проблемите кои се интензивираа по најновите интервјуа на принцот за американската телевизија и People.

Кралското семејство е уморно од принцот Хари

Принцот Хари се појави на големо изненадување за сите во Виндзор да ја посети баба му, пред да отпатува во соседна Холандија на Игрите Invictus. Тој се врати назад за да се увери дека таа е „заштитена“ и „ги има вистинските луѓе околу неа“.

Според она што ексклузивно го пренесува Мирор, принцот Хари сега има намера пак наскоро да се врати кај кралицата заедно со неговите две деца Арчи и Лилибет Дијана. А според информациите, веќе се работи на тоа.

Ова би можело да се случи на почетокот на јуни. Истите извори тврдат дека принцот Чарлс е „уморен“ од постојаните расправии во семејството, но и дека е многу охрабрен од можноста што ја имал да се види со својот син минатата недела.

Хари моментално е ангажиран во жестока правна битка против британската влада поради одлуката на Министерството за внатрешни работи да не дозволи обезбедување на војводите од Сасекс во Велика Британија дури и на сопствен трошок,  бидејќи тоа право го загуби откако го напушти службените кралски должности.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....