22.8 C
Скопје
14:51 - 19 октомври, 2026

ПРИНЦ АЛБЕРТ ОД МОНАКО СЛАВИ 64. РОДЕНДЕН: До него е Шарлен, најтажната принцеза на светот

Принцезата, која беше далеку од дома цела година, се врати во Монако во саботата на 12 март само два дена пред роденденот на нејзиниот сопруг. 

Принцот Алберт од Монако денеска полни 64 години. И тој конечно го прославува роденденот повторно заедно со неговата сопруга Шарлен.

Имаше долг период на оддалеченост – прво Шарлен остана во Јужна Африка да се лекува од респираторна инфекција која ја принуди на различни операции, а потоа закрепнуваше во швајцарска клиника, па така поранешната пливачка пропушти два важни семејни собири: во јуни 2021 година – десетгодишнината од бракот со Алберт, а потоа, во декември, седмиот роденден на децата Жак и Габриела.

Но, за 64, роденден на нејзиниот сопруг, таа успеа да застане на нозе и да се врати во Монако.

Сепак, според соопштението за печатот од  Palais Princier, Шарлен сè уште не е во совршена форма и за нејзините јавни настапи ќе треба да почекаме уште малку:

„Принцезата ќе продолжи да закрепнува во Кнежеството, со сопругот и децата. покрај неа. Следните неколку недели ќе се опоравува за да ја подобри здравствената состојба, пред постепено да ги продолжи своите официјални обврски. За целосно закрепнување и со оглед на нивната потреба за мир, кнежевскиот пар бара најголема почит кон семејството и нивниот приватен живот“, се вели во соопштението.

Слични објави

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.
Се вчитува....