15:52 - 8 ноември, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Мартина ни носи рецепт за леб со маслинки

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи посен леб со маслинки. 

instagram

– Посно, меко, превкусно! – вели Мартина и препорачува сите да го пробате ова лепче.

– Доколку постите без масло, маслото изоставете го од рецептот, нема проблем доколку не го ставите, додава таа. 

instagram

Сè што треба да направите е само да ги измешате сите состојки и да замесите меко тесто. Оставете го тестото да се удвои околу 1-1ипол час.

Тестото поделете го на два дела, за да добиете две лепчиња. На средина ставете ги маслинките и преклопете од страните. Оставете го лепчето повторно да се удвои околу 30-тина минути, па печете во загреана рерна на 200-220 С околу 15-20 минути.

Оставете го да се излади, па може да го послужите. Мартина ви го препорачува тостирано со некој намаз.

instagram

Добар апетит!

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....