24.8 C
Скопје
10:14 - 9 септември, 2026

Познатиот рапер откри дека бил во врска со поранешната на Диди: Завршил со запален автомобил

Кид Кади сведочеше на судењето на Шон Диди Комбс, дека обвинетиот му провалил во неговиот дом во Холивуд Хилс во 2011 година, откако дознал дека Кади е во врска со неговата поранешна девојка, пејачката Каси Вентура, и дека неколку недели подоцна некој му го запалил автомобилот пред неговата куќа.

Раперот Кади, чие вистинско име е Скот Мескади, пред судот во Њујорк изјави дека накратко излегувал со Кеси во 2011 година.

Еднаш, вели тој, ја однел во хотел во Западен Холивуд за да ја оддалечи од лутиот Комбс. Додека биле таму, асистентката на Комбс, Каприкон Кларк, го повикала и рекла дека Комбс и уште еден маж се во неговата куќа и дека таа мора да дојде со нив. Кади веднаш се упатил кон домот и го повикал Комбс по пат, луто прашувајќи го што прави во неговата куќа. Комбс мирно одговорил дека сака да разговара.

Кога се вратил дома, Комбс повеќе го немало. Во куќата, тој пронашол неотпакувани божиќни подароци што ги купил за своето семејство и куче заклучено во бањата. Тој не знаел што се случува, па затоа ја повикал полицијата.

Неколку недели подоцна, „поршето“ на Кади било запалено во неговиот двор. На судот, тие покажаа фотографии од автомобил со исечен покрив, а на совозачкото седиште беше пронајден молотов коктел.

Каси минатата недела изјави дека Комбс му се заканил на Кади дека ќе му го запали автомобилот и ќе му наштети од кога дознал за нивната врска. Таа рече дека Кади бил една од причините зошто Комбс целосно ја изгубил контролата.

Слични објави

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо
Се вчитува....