07:21 - 8 ноември, 2026

Потпишани протоколи за прием на Шведска и Финска во НАТО, Столтенберг: „Заедно сме посилни и побезбедни“; Одговор стигна од Москва

Финска и Шведска ќе се приклучат на алијансата откако документите ќе бидат ратификувани од сите земји членки на НАТО.

Денеска е историски ден во Брисел. Со потпишувањето на протоколите за пристап „почнува процесот на ратификација“ од страна на сојузниците на НАТО, кои наскоро ќе бидат составени од 32 членки откако Финска и Шведска официјално ќе влезат во Алијансата. Задоволство изрази генералниот секретар Столтенберг: „Ова е историски ден за НАТО, Шведска и Финска: заедно ќе бидеме посилни, а нашето население побезбедно“. Солтенберг потсети и дека „Руската инвазија го наруши мирот во Европа“ и им се заблагодарија на Турција, Шведска и Финска за конструктивниот пристап. „Сега сум убеден во брзиот процес на ратификација“ – нагласи тој.

Одговорот стигна веднаш и од Кремљ. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков рече дека се прават „напори“ да се гарантира безбедноста на Русија, по евентуалното распоредување на оружје или бази на НАТО во Финска и Шведска – пренесува руската новинска агенција Тасс. „Овие опции ги испитува, не Кремљ, туку Министерството за одбрана. Веќе постојат потребните планови, во тек се напорите да се гарантира нашата безбедност на границата со Русија, бидејќи таму ќе бидат поставени нови бази на НАТО“.

Запрашан за коментар за процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, Песков рече: „Претседателот веќе ја разјасни својата позиција и нема што да се додаде“.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....