17.8 C
Скопје
16:31 - 18 октомври, 2026

ПОСТПРАЗНИЧНА ДЕТОКСИКАЦИЈА: Тридневна детокс-диета со огромна моќ на прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Oваа диета на детоксикација се држи едноставно, а вклучува само намирници кои се од понудената листа, а кои имаат огромна моќ на прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам. Генералното правило секогаш може да го примените и тука – во исхраната вклучете што повеќе зеленчук и овошје за да го освежиме организмот со витамини и минерали. Во продолжение, обрнете внимание на намирниците кои се дозволени и пожелни.

Јаболки – Содржи пектини и богата е со калиум кој го регулира составот на телесните течности. Калиумот е добар за ткивата исто како што е калциумот за коските.

Грејпфрут – Уште една намирница богата со калиум, витамин Ц и бета каротен, па затоа е и своевиден чистач на црниот дроб и бубрезите.

Киви – Содржи витамин Е, еден од најголемите антиоксиданси меѓу витамините. Силен борец е против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

Јагленохидрати– Се мисли само на комплексните јаглнохидрати, а тоа се житарките, интегралните печива и тестенини, слаткиот компир и семките кои изобилуваат со витамин Б.

Овес – Овесните снегулки содржат еден редок витамин, а тоа е витаминот Х или биотин кој убаво делува на косата, кожата и ноктите.

Грашок и соја – Извор се на билни протеини и здрава замена се за месните протеини.

Риба и морски плодови– Конзумирајте ја секојдневно додека сте на диетата за детоксикација. Содржи омега 3 масни киселини кои позитивно влијаат на нервниот систем, подобрување на концентрацијата, ја намалуваат појавноста на депресијата и уморот, а одлично го чистат организмот.

Вода – Воздржете се од алкохолот и конзумирајте што повеќе вода за прочистување. Во водата може да додавате и по половина лимон на секоја чаша. Алкохолот е пијалак кој прави дехидрација на организмот, па многу е важно сега да го хидрираме. Во текот на зимата, односно сезоната на греење, водата ја губиме и преку кожата, затоа сеге е вистинско време да го „преиспитаме“ дневниот внес на вода, а тоа значи најмалку два литра дневно.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....