18.8 C
Скопје
02:16 - 27 јули, 2024

Посетете ја изложбата во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје: „Ние имаме природна интелигенција! Не вештачка…“

Во галеријата на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн (ДСУЛУД) „Лазар Личеноски“ во Скопје од 10 мај е поставена изложба на учениците од III година на одделот Мултимедија.

На изложбата учениците се претставуваат со своите дигитални дела изработени на зададената тема „Современа митологија“. Дигиталните дела се создадени во рамките на предметот Дигитална Уметност под менторство на проф. Денис Тенев. Изложбата, исто така, е во рамките на јубилејот 80 години постоење на училиштето. Уметничкото училиште е основано со одлука на АСНОМ во 1944 година.

Една од целите на изложбата е да се промовираат талентираните ученици од одделот Мултимедија, нивните вештини да создаваат дигитални ликовни дела, но исто така и да се промовира нивната вештина за генерирање идејно решение на одредена тема.

За изложбата, учениците работеа на заедничка зададена тема „Современа митологија“ и во своите творби создадоа дела со сугестивна и асоцијативна ликовна содржина во контекст на темата.

– Одделот Мултимедија постои веќе 10 години (основан е во 2013 година) и помина низ многу премрежја. Имено, бевме соочени со многу предрасуди (митови) поради фактот дека на овој оддел делата се создаваат со компјутерски алатки.

Некои од нив се: Дигиталната уметност ќе ја засени/ поништи/ замени традиционалната уметност; Дигиталната уметност се создава со еден клик на компјутерот, односно делата ги создава компјутерот (софверот), а не уметникот.

Овие предрасуди (митови) не нѐ спречија низ годините на постоење на одделот да создаваме впечатливи ликовни дела, но сепак останаа да лебдат во етерот и затоа една од целите на оваа изложба да покажеме дека:

1. Никогаш не сме помислиле дека дигиталните алатки (компјутерот) ќе ги замени традиционалните алатки и вештини за цртање и сликање. Учениците се подеднакво вешти со традиционалниот и дигиталниотцртеж, традиционалното и дигиталното сликање. Како традиционално училиште постојано го негуваме ликовниот пристап кон делото што се создава, а дигиталните алатки се САМО ОПЦИЈА ПЛУС во таа палета на алатки и опции, ништо повеќе, ништо помалку.

2. Во ерата на дигиталната технологија неизбежно беше уметникот, таа технологија, да ја стави во функција во ликовното творештво. Но, за да умее да ја користи неопходно е да има барем основно познавање од Информатика за хардверот, но многу поважно е познавањето на соодветен софтвер. Овој факт побуди предрасуда дека, бидејќи е компјутер, делата се создаваат по некаков автоматизам, а не со креативноста и вештината на авторот.

Секако, и овој мит успеавме да го побиеме. Имено, на одделот секако дека се изучува соодветен софтвер (од пакетот на Adobe: Photoshop, Illustrator, Animate, Premiere, After Effects итн) и сите кои ја познаваат оваа материја ќе се согласат дека не е воопшто лесно да се стекнат вештини за користење на овие софтверски алатки. Значи, во дигиталните дела на учениците нема автоматизам, туку очигледен креативен процес од идеја до реализација во кој вештината и ликовните принципи подеднакво се вклопуваат во нивното ликовно творештво.

Од друга страна, мора да се нагласи дека одделот не е Информатика, ниту пак курс за Софтвер (често добивам прашања дали се учи и програмирање), туку во склоп на традиционално училиште, какво што е ДСУЛУД, ја негува, пред сѐ, ликовната вештина и изучувањето на дигиталните алатки е исклучиво во тој контекст – истакнува предметниот наставник проф. Денис Тенев.

Одделот Мултимедија содржи четири предмети: Дигитална уметност; Анимација; Видео и звук; и Медијски форми.

Изложбата има тенденција да стане редовна за секоја генерација од III година и секоја од следните изложби да биде тематски одредена. Целта е, освен вештините за дигитално реализирање, ученикот да развие вештина за самостојно генерирање/ создавање на идејно решение на соодветна тема.

Што се однесува до заканите од AI (Вештачка Интелигенција) учениците го порачуваат следново: „Ние имаме природна интелигенција!!! Не вештачка…“.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....