6.8 C
Скопје
01:34 - 20 октомври, 2026

Поранешната манекенка има 57 години и со една фотографија покажа дека „НЕ ПОСТОИ СТАРА И ГРДА!“

Поранешната манекенка Паулина Поришкова на својот Инстаграм објави фотографија во бикини, а под неа ја дочекал коментар поради која решила да реагира.

„Мора многу да те боли кога на таа возраст продолжуваш да објавуваш фотографии во бикини. Секогаш мислев дека на убавите луѓе им е најтешко да стареат и да станат грди. Падот многу потешко им паѓа на убавите. Грдите отсекогаш биле грди, така што стареењето и не е голема промена. Ја чувствувам твојата болка. Се молам да се помириш со својата смртност“, ѝ напишал некој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Поришкова имала подготвен одговор:

„Една 57-годишна жена е „престара“ за да позира во бикини – без разлика како изгледа. Затоа што е „старото“ – „грдо“. Добивам вакви коментари секогаш кога закачувам слика од моето тело“, напиша таа, истакнувајќи дека многумина не ја разбираат убавината.

„Луѓето кои мислат дека привлечноста е исто што и убавината, не ја разбираат убавината. Привлечното е убаво за око, делумно поради тоа што е површно. Лесно се прифаќа и лесно се заборава. Не е така со убавината. Убавината може да биде остра. Може да ве погоди и да остави лузна. За да ја препознаете убавината, мора да можете да гледате. Затоа верувам дека со годините стануваме поубави. Ја заслужуваме нашата убавина, разбираме што е тоа и можеме многу подобро да ја видиме. Нема ништо грдо и старо. Само кусогледи и неуки“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Напомена дека „не го прикачува ова затоа што се чувствува лошо и има потреба од поддршка“, туку – „дека можеме да се гордееме со стареењето, како што заслужуваме“.

Судејќи според реакциите на другите жени на нејзината објава, тие ја разбрале пораката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....