13.8 C
Скопје
02:01 - 30 септември, 2026

Мали трикови за пожешки мигови во спалната соба

Колку и да мислите дека сексот со партнерот ви е добар, секогаш може да стане уште подобар. Нешто сменете, нешто додадете и веќе имате услови за многу пожешки мигови во спалната соба.

Искористете ја перницата

Перницата може да ви помогне секоја секс поза да ви биде поудобна и да ви овозможи да искусите нови видови задоволства. Ставете ја под грбот или стомакот за да го промените аголот на пенетрација. Задоволството ќе биде загарантирано поголемо.

Облечете чорапи

Можеби чорапи во кревет не звучи баш како секси идеја, но сексолозите тврдат дека благодарејќи на фактот што тие имаат моќ да ја регулираат температурата на целото тело, може да нè доведат до врвни, претходно неискусени задоволства.

Игри со врзување

Со малку фантазија, неговата машна или вашата марама можат да постанат одличен секс-реквизит. Врзете му ги рацете или очите кога најмалку очекува и ќе разбудите вистински сексуален ѕвер. Потоа заменете ги улогите.

Не заборавајте на бакнежите

Кога ќе почувствувате дека се приближувате до оргазам, погледнете го партнерот во очи и почнете страсно да го бакнувате. Ова ќе ве доведе до многу посилно задоволство, кое ќе го почувствува и партнерот.

Променете ја просторијата

Креветот е удобен, но постојат толку други можности – масата, шанкот, каучот, туш-кабината… Испробајте нешто ново, сигурно нема да зажалите.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....