00:45 - 25 јануари, 2025

ВРТОГЛАВО: Фустанот на Мерилин Монро што го носеше КИМ КАРДАШИЈАН на Мет гала вреди 4,8 милиони долари!

Шеесет години по познатиот настап на Мерлин Монро во Медисон Сквер Гарденс каде му ја испеа  песната „Среќен роденден“ на претседателот Кенеди, нејзиниот легендарен фустан повторно е во центарот на вниманието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Блескавата тоалета која Ким Кардашијан ја носеше на настанот Мет гала, последен пат беше јавно облечена во 1962 година кога Монро излезе на сцената за да го прослави роденденот на претседателот Џон Кенеди. И покрај илјадниците присутни таа далечна вечер, сензуалниот настап на актерката изгледаше насочен само кон Кенеди, што ги поттикна гласините за тајна врска меѓу двајцата.

Фустанот од мрежа и маркизета, украсен со 6.000 кристали, остана дел од имотот на Монро се додека нејзината пријателка Ана Стразберг не побара од „Кристи“ да го продаде фустанот во 1999 година. Повторно беше ставен на аукција во 2016 година и беше купен од музејот Рипли, каде беше изложен (во Флорида) се додека Ким Кардашијан не дојде до идеја да го носи „оригиналниот „гол“ фустан“ на Монро на овогодинешната Мет Гала.

Фустанот беше толку тесен што Ким призна дека била на строга диета за да изгуби 7 килограми за три недели бидејќи во спротивно не би можела да го облече.

Првата скица на фустанот беше дебитантски проект на американскиот дизајнер Боб Меки, кој на 21-годишна возраст го напуштил Уметничкиот институт „Шуинард“ за да работи за францускиот костимограф Жан Луис. „Тоа беше мојата прва работа во Холивуд, штотуку завршив училиште. Прв пат се вклучив во дизајн на ваков фустан. Оттогаш веројатно заработив милиони“, рече Меки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POPSUGAR (@popsugar)

„Таков фустан – илузијата дека си гол, мислиш дека можеш да погледнеш во нешто што навистина не можеш да го видиш. Беше магично и едноставно. Беше едноставно, а сепак толку моќно. Мерилин Мерилин беше навикната да биде гола, па не и беше грижа и изгледаше одлично“, додад тој.

Фустанот бил инспирирана од оделата што Луис ги креираше за Марлен Дитрих и нејзиното кабаре во 1950-тите и 1960-тите, а беше изработен од самиот познат дизајнер.

Монро го купила фустанот костумот по нарачка  за 1.440 долари, а Меки изјави за Vogue дека откако му ја дал скицата на Луис „немал поим што станало додека не се појавиле фотографии од настанот во весникот“.

Мартин Нолан, извршен директор на Julien’s Auctions, пред аукцијата за облека во 2016 година откри дека Монро побарала од Луис да ѝ направи нешто „навистина историско“. „Таа го сакаше факторот wow, да му покаже на светот колку е убава“, рече тој. „Таа ослабе и се чувствуваше навистина добро и сакаше тоа да му го покаже на светот“.

Откако беше продаден во Julien’s, фустанот беше изложен во музејот на Ripley’s Believe It or Not и беше позајмен на Кардашијан, единствената личност освен Мерилин што го носеше фустанот во последните 40 години.

„Ова е фустанот на Мерлин Монро. Стар е шеесет години. Ја добив оваа идеја да го носам и да го пробам. Дојдоа со стражари и ракавици. Го пробав и не ми одговараше. Морав да изгубам 7 килограми “, рече Ким на црвениот тепих.

Инаку фустанот вреди 4,8 милиони долари!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

 

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани се соблече, па го фотографираше своето лице без трошка шминка: Порано беше покриена со лузни од мозолчиња

Еспресо

„Пукна“ бракот на македонскиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“: Пред две години направи раскошна свадба, со сопругата не живее заедно со месеци

Еспресо

(Видео) Интимна снимка: Јована Јеремиќ го гризнала Драган додека тој сочно ја бакнува!

Еспресо

Емотивна исповед на Анабела Атијас: Лековите делуваа против мене, имав вишок 15 килограми, ме исмејуваа и беа згрозени

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: „13 години убавина со тебе“

Еспресо

Говорот на телото и скриените пораки: Што откри танцот на Доналд и Меланија Трамп на инаугуративните балови?

Еспресо
Се вчитува....