21:16 - 9 ноември, 2026

Попоски: Невреме во Македонија, еве кога

Под влијание на силен Џеновски циклон, како и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне и навечер, во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија, и тоа поради високите температури овие денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на силно невреме, како и на силни и чести електрични празнења граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор, како и под осамени дрвја.

За време на овој циклон најмногу врнежи ќе има во западната половина од државава ( локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог).

Од утре ќе биде и посвежо, што значи ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени во споредба на сегашните, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посуво, иако локално ќе има услови за повремен слаб дожд. Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....