21:26 - 9 ноември, 2026

Нема договор, штрајкот во Холивуд продолжува, сценаристите ја напуштаат работата

Преговарачите на големите холивудски студија и на истакнати филмски и телевизиски писатели планираат повторно да се сретнат, откако двете страни во четвртокот преговараа повеќе од 10 часа, но не успеаја да постигнат договор за ставање крај на повеќемесечниот ќор-сокак во врска со хонорарите и употребата на вештачката интелигенција, објави Си-ен-ен.

Алијансата на филмските и телевизиските продуценти, која преговара во име на холивудските компании и студија, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Околу 11.500 члена на Здружението на сценаристите ја напуштија работата во мај, лути од тоа како се променија работните услови во ерата на стриминг-телевизија.

Со цел да помогнат да се постигне договор, на преговорите во средата и четвртокот беа присутни и извршниот директор на „Волт Дизни“, Боб Ајгер, вториот извршен директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос, претседателката на „Ен-би-си јуниверзал стидио груп“, Дона Ленгли, и извршниот директор на „Ворнер брос дискавери“, Дејвид Заслав, според извор близок до студијата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....