15:12 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Проверете кога ќе биде особено топло, дури до 16 степени!

– Како што веќе најавивме, утре ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, додека од петок па натаму времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и во следните денови максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени. Позитивни ќе бидат и мининамлните утрински температури.

Особено топло ќе биде во првите денови од новата 2022 година, односно за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, додека потоа во следните денови ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 13 степени, што значи дека истите ќе бидат натпросечно високи.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....