23.8 C
Скопје
14:49 - 1 октомври, 2026

СЕКОЕ УТРО ПОЈАДУВАЛ КУТИЈА БИСКВИТИ, НЕ НИ СОНУВАЛ ВАКОВ УСПЕХ: Како Џеф Безос стана милијардер?

џеф безос

Џеф Безос е вториот најбогат човек во светот по Илон Маск, а неговото богатство се проценува на 210 милијарди долари.

Оваа година тој одлучи да се повлече од функцијата шеф на компанијата „Амазон“, откако беше на оваа функција речиси три децении. Сепак, на многумина им е тешко да поверуваат дека Безос некогаш не уживал во луксузот што го има денес.

„Она што всушност се случи во последните 25 години е далеку над моите очекувања. Сам доставував пакети, продававме книги. Се надевав дека ќе изградам компанија, но не се надевав дека ќе изградам компанија како оваа што ја гледате денес“, рече тој во едно интервју.

По основањето на „Амазон“ во 1994 година, тој имал навика секое утро да појадува кутија бисквити, но со помош на поранешната сопруга успеал да се ослободи од таа лоша навика.

На фотографиите од неговата младост, Џеф Безос постојано е опкружен со книги, облечен во класична деловна облека од 1990-тите, кошула и панталони со висок струк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Со успехот, секако, дојде и пораскошната гардероба. Безос беше познат по тоа што носеше јакни на гала вечери и настани на црвениот тепих. Сепак, во последните години има големи промени во неговиот стил на облекување и неговата гардероба е далеку помодерна.

(ФОТО) ЏЕФ БЕЗОС, НАСМЕАН И ВЉУБЕН: Милијардерот заедно со саканата Лорен позираше зелениот тепих на „LACMA Art + Film“

Во 2019 година, Безос се разведе од сопругата Мекензи Скот, со која беше во брак од 1993 година и има четири деца. Набрзо по разводот повторно ја најде среќата со Лорен Санчез, а заедно се две години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Во една прилика откри дека покрај партнерката ја променил и исхраната и начинот на живот. Тој често вежба, па не е ни чудо што сака да ги покажува извајаното торзо и мускули.

Често одел во теретана и тврди дека се труди да спие осум часа дневно и да се храни здраво.

Слични објави

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо
Се вчитува....