12.8 C
Скопје
07:19 - 8 септември, 2026

Почина синот на Џек и Кристина Вагнер, „место на смртта -паркинг; по обдукцијата ќе се знае причината“

Харисон Вагнер, синот на ѕвездите од „Општата болница“ Џек и Кристина Вагнер, почина во понеделникот, на 6 јуни, на 27-годишна возраст.

Според извештајот на полицијата на округот Лос Анџелес, паркинг е пријавен како место на смртта.

Портпаролот на полицијата изјави за NBC News дека Вагнер бил мртов на булеварот Чендлер блок 11200 непосредно пред 5 часот наутро во понеделникот. Причината за смртта се уште не е утврдена. Истрагите се во тек. Портпаролот рече: „Причината за смртта не можеше да се утврди, ќе се знае по обдукцијата, а и судскиот вештак побара дополнителна истрага за смртта, вклучително и дополнителни истражувања. Откако ќе се добијат резултатите, лекарот повторно ќе го процени случајот и ќе ја утврди причината за смртта“.

Џек и Кристина Вагнер се венчаа во 1993 година и имаа две деца: Харисон и Питер. Двојката, која глумеше заедно во сапунската опера Општа болница, се разведе во 2006 година. Џек Вагнер, кој исто така глумеше во „Бјутифул“ има и ќерка Кери од претходната врска.

Неколку недели пред смртта на Харисон, Кристина Вагнер позираше за фотографија, споделена на Инстаграм, со нејзините две деца на скалите на нивниот ранч. Во објавата пишува: „Ох ранч, време е да се разделиме. Многу ќе ни недостигаш во нашите спомени. Знаеме дека има многу можности за радост пред нас “.

фото-инстаграм

 

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....