11:37 - 5 декември, 2025

Петиција за протерување на љубовницата на Путин од Швајцарија: „Реобединете ги Ева Браун со нејзиниот фирер“

Петицијата со која сака да ја протера љубовницата на Путин Алина Кабаева од Швајцарија
На платформата Change.Org, група швајцарски активисти побараа од властите да ја протераат од земјата поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, која престојува во вила во Швајцарија со четирите деца кои наводно ги има од рускиот лидер.

Петицијата, чиј текст е напишан на германски, англиски и француски јазик, за неколку часа собра над 35.000 потписи.

„Ние, граѓаните на Русија, Белорусија и Украина, која моментално минува низ огромно страдање, се обединуваме да апелираме до швајцарските власти“, пишува во петицијата. „Јавноста штотуку дозна дека руската политичка и медиумска личност и поранешна спортистка Алина Кабаева се крие во Швајцарија како резултат на санкциите наметнати на Руската Федерација во ВАШАТА земја“.

38-годишната Кабаева, поранешна спортистка која има минато и на парламентарка, една од најплатените Русинки досега, е опишана како „омилена сопруга на заблудениот диктатор и воен злосторник кој предавнички ја нападна Украина во последните неколку недели“. Во петицијата понатаму се прашува: „Зошто сега, со оглед на огромниот обем на санкции наметнати на Русија, продолжувате да ги угостувате неа и нејзиното семејство додека Путин ги уништува животите на милиони луѓе? Време е повторно да ја обединиме Ева Браун со нејзиниот фирер!“

На 7 март, „Њујорк пост“ напиша дека Кабаева побегнала од Русија со своите деца, прецизирајќи дека „додека Путин го извршува својот напад врз Украина, напаѓајќи невини граѓани и предизвикувајќи бегалска криза, неговото семејство е сместено во многу приватна и многу безбедна вила некаде во Швајцарија“.

Кабаева, гимнастичарка која освои два олимписки медали, има четири деца наводно со рускиот лидер, иако ниту еден од нив никогаш официјално не го потврдил тоа. Се работи за 7-годишни близнаци, родени во близина на Лугано, Швајцарија, во февруари 2015 година, и за уште две деца.

ПУТИН ИМА ТАЈНА „ПРВА ДАМА“: Еве која е Алина Кабаева, екс гимнастичарка, сомнителна политичарка и мајка на четири деца

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....