14:09 - 14 јули, 2026

ПУТИН ИМА ТАЈНА „ПРВА ДАМА“: Еве која е Алина Кабаева, екс гимнастичарка, сомнителна политичарка и мајка на четири деца

Во последните недели постојано се зборува за страшниот конфликт што ја погоди Украина. Русите, под команда на претседателот Путин, ја започнаа инвазијата на земјата, ширејќи смрт и болка. Сликите од ужасните злосторства на Путин секојдневно влегуваат во нашите домови. Тешко е да се поверува во ова, но очигледно Путин има немилосрден карактер, а од друга страна, е и татко и дедо. Претседателот со поранешната сопруга Људмила Скребнева имаше две ќерки: Марија Воронцова (35) и Екатерина Тихонова (33).

Според гласините, сепак, „царот“ имал уште четири деца од друга жена. Станува збор за неговата наводна љубовница 38-годишната Алина Кабаева, добро позната поранешна олимписка гимнастичарка. Почнала да се занимава со ритмичка гимнастика на 3-годишна возраст и на 15 години го освоила Европското првенство во Португалија. Во тоа време, Алина била најмладата спортистка во рускиот тим. Во 1999 година повторно станала европска шампионка, а подоцна ја освоила и светската титула во Осака. Во својата кариера има освоено два олимписки медали, 14 светски и 21 европски.

Сепак, нејзината кариера беше извалкана со една дамка – заедно со нејзината колешка Ирина Чашчина, во 2001 година, беше позитивна на допинг тест. Ова резултираше со двегодишно исклучување од сите натпреварувања.

фото јутјуб

Во 2007 година таа дефинитивно ја напушти гимнастиката. Подоцна, се нурнала во политичките води: меѓу 2007 и 2014 година била членка на рускиот парламент. За тоа време таа гласала за низа прилично сомнителни закони. Тука спаѓа и нацрт-законот Анти-Магнитски, со кој се забранува посвојување на руски сираци во САД.

Веќе со години кружат гласини за нејзината наводна врска со Путин. Оттука не е изненадувачки што Алина е наречена „тајна прва дама“. Иако врската никогаш не била потврдена, се вели дека парот има четири деца: две момчиња и две близнаци, сите родени во Швајцарија и со швајцарски пасоши. Неодамна „Вашингтон пост“ откри: „Алина се крие во Швајцарија, во приватна и многу безбедна вила, со своите четири деца“.

(ВИДЕО) Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

 

 

Слични објави

(Фото) „Само небото е граница“: Верица Ракочевиќ позираше во костим за капење, покрај неа лежи 35 години помладиот сопруг

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ ги насмеа обожавателите со објава од одморот – откри кој е вистинскиот „шеф“ во куќата на Хвар

Еспресо

(Фото) „Златен час, златни спомени“: Атрактивната Лејла Филиповиќ ужива во убавините на Ровињ

Еспресо

(Фото) Снаата на Ана Ивановиќ ужива во хотел на Мајорка каде ноќевање чини 700 евра!

Еспресо

Која е Лаила Хасановиќ, атрактивната девојка на Јаник Синер која му е најголема поддршка

Т.Ц.

Работата да не трпи: Диџеј Боно и Тами не се повеќе во врска, но објавија одличен дует

Еспресо
Се вчитува....