10.8 C
Скопје
08:16 - 4 мај, 2024

(ВИДЕО) Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

Анонимни извори за американскиот таблоид Page Six изјавиле дека љубовницата на Владимир Путин, Алина Кабаева, и нивните четири деца се кријат во Швајцарија.

„Додека Путин го спроведува нападот врз Украина, напаѓа невини луѓе и предизвикува бегалска криза, неговото семејство е скриено во, барем засега, безбедниот дворец во Швајцарија“ изјавил изворот.
Оваа жена веќе 14 години ја нарекуваат првата љубовница на Русија.
Кабаева е 38-годишна поранешна гимнастичарка со златни олимписки медали, а со 69-годишниот Путин наводно има четири деца. Иако за нивната врска се зборува уште од нејзиниот развод, тие двајца никогаш не зборуваат за нивниот однос.

Извори тврдат дека имаат седумгодишни ќерки близначки родени во Лугано, Швајцарија, во февруари 2015 година. Се зборува дека имаат и два сина. „Алина има два сина и близначки со Путин. Сите деца имаат швајцарски пасоши, па најверојатно има и таа“, тврди изворот.

Путин никогаш не дозволува да му поставуваат прашања за неговиот приватен живот. „Не дозволувам мешање во мојот приватен живот. Тоа мора да се почитува. Отсекогаш сум реагирал негативно спрема оние што се премногу љубопитни и измислуваат еротски фантазии за туѓите животи“, изјави тој во една прилика.

Познато е дека Путин има две ќерки, Марија (36) и Катерина (35) од бракот со поранешната стјуардеса Људмила, но и за нив ретко зборува, па затоа не е чудно што се претпоставува колку вкупно деца има.

Со Људмила беше во брак 30 години, а се разведоа во 2013 година. Уште тогаш имаше гласини дека Путин се разведува поради Алина, тогаш успешна гимнастичарка со две олимписки и многу медали од светските и европските првенства. Откако почна да се зборува за нејзината врска со Путин таа престана да се појавува во јавност толку често.

Неодамна Алина се огласи во врска со инвазијата на Украина. „Верувам дека никогаш не била испишана посрамна страница во историјата на светскиот спорт. Првите луѓе на многу меѓународни спортски организации веќе подолго време и под секакви изговори се занимаваат со потполно неспортски работи. Сега веќе не се ни кријат, нивната „грижа“ за светот е лицемерна како и борбата за чист спорт“, изјави таа за дневниот весник Sport Express. „Не се грижеа и не дисквалификуваа ниту една држава што учествуваше во уништувањето на стотиците илјади цивили во Југославија, Ирак, Либија, Сирија, ама многу се налутија кога Русија реши да ги заштити Донбас и Луганск од нацистите“, додаде Кабаева, која поради користење допинг на Светското првенство во 2001 година остана без пет златни медали.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....