04:16 - 13 ноември, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) АНА ПЕТРОСКА: Крушево е денес како од бајка, со многу снег и неодоливи пејсажи!

Во Крушево зимата сè уште трае, со 70 сантиметри снег и неодоливи пејзажи, ни јавува фотографката Ана Петроска и за еспресо.мк испраќа преубави тукуштонаправени фотографии.

– Оваа година Крушево забележува една несекојдневна зима со снег кој е на улиците на градот уште од Божиќ, а деновиве снежната покривка постојано се зголемува. Со тоа, Крушево станува неодоливо, белината создава прекрасни пејзажи за фотографија, а прошетките, особено во вечерните часови, се нешто што не смее да се пропушти – вели Ана.

Изминатите недели и денови таа постојано е во акција, прави и денски и вечерни фотографии, но како што вели, не може да одлучи која од која е поубава.

– Ако дневните се бесконечни бели површини со различни бои на фасадите на куќите, вечерните и ноќните го земаат здивот со градските светла и белината кој како дополнително да го осветлува градот – објаснува Ана и нè потсетува дека преостануваат уште денови за скијање и уживање во Крушево.

Ana’s Photos – justaphoto на facebook

Justaphoto.ap – на instagram

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....