27.8 C
Скопје
15:40 - 30 мај, 2026

Премиера на претставата „Малиџано“ во Битола: Актерите неколку пати враќани на сцена со голем аплауз

Вчеравечер во Битола на големата театарска сцена „Благој Стефановски – Баге“, премиерно се одигра претставата „Малиџано“ во режија на Софија Ристевска Петрушева која за претставата ќе рече:

„Сè додека во светот луѓе умираат во војни и има театри што замираат, ние како колеги сме должни да ги раскажуваме нашите приказни колку што можеме погласно во чест и поткрепа на оние кои во овој момент не можат да ја практикуваат својата професија поради војна. Во оваа епоха на тотална дехуманизација капиталот е пред сè, личноста ја нема, не постои, и затоа во моите претстави човекот е пред сè. Хуманиот белег во ова лудо живеење да остане колку што може посилен. Човекот е важен.“

фото Наташа Мустафа

„Малиџано“ е пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска.

„Дрматургијата произлегува од моментот во кој се наоѓа меѓу еден профитабилен  и корумпирачки свет во кој секојдневно се донесуваат импулсивни сомнителни одлуки. Човештвото, светот денес се наоѓа во здравствена, економска криза и војна, и во таква ситуација деликатно е да се навезе една таква драматургија која што ќе произлегува од лични приказни на актерите. Но, важно е и покрај се што ни се случува, да не се откажуваме и да продолжиме да живееме раскажувајќи ги нашите приказни“ – објаснува Билјана Крајчевска.

Во претставата „Малиџано“ настапија актерите Маја Андоновска Илиевски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастазија Христовска, Живко Борисовски. По прв пат на театарската сцена настапи и актерот дебитант Валентин Дамчевски кој за „Малиџано“ ќе рече дека е „претстава во која актерот е слободен да ги изрази своите ставови и доживувања“.

Кореографијата на претставата е на Кире Миладиновски, костимографијата е на Андреј Папаз Георгиевски, а како сценограф се јавува Драган Ангелковиќ.

Битолската публика вчеравечер уживаше во одличната игра на актерите, кои преку лични приказни зборуваа гласно за работи за кои останатите обично молчат. Претставата заврши со огромен аплауз и враќање на актерите неколку пати на сцена.

фото Наташа Мустафа
фото Наташа Мустафа
фото Наташа Мустафа
фото Наташа Мустафа

Слични објави

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.

„Тогаш почна пеколот…“: Анабела и Гаги Ѓогани проговорија за тешкиот период со зависностите

Еспресо

„Мислеа дека сум се удавила во Дрина“: Неда Украден откри како бегала од осаменоста

Т.Ц.

„Бев тажна во длабочината на душата“: Милица Тодоровиќ му се обратила на Новак Ѓоковиќ кога ѝ било најтешко

Еспресо

Хороскоп за 30 мај: Скорпиите ќе бидат нервозни и ќе се караат, Лавовите ќе имаат убав љубовен живот

Еспресо
Се вчитува....