09:41 - 8 ноември, 2026

Пејачката на групата „Магазин“ ги напушта по 14 години! Таа е седмата што им кажа „збогум“

Групата „Магазин“ е основана во седумдесеттите години како „Далматински магазин“, а досега се сменија дури седум пејачки.

Ова се сите пејачки на популарната група: Мајда Шолетиќ (1979-1981); Марија Кузмиќ (1982); Љиљана Николовска (1983-1990); Данијела Мартиновиќ (1990-1996); Јелена Розга (1996-2006); Ивана Ковач (2006-2010) и Андреа Шушњара (2010-2024).

Како што наведува „Слободна Далмација“, Андреа со групата ќе биде до крајот на летово, по што ќе се посвети на својата соло кариера. И во тоа ќе ѝ помогне лидерот на групата Тончи Хуљиќ, а како што рекла за споменатиот медиум, тие веќе се договориле за продолжување на соработката и тој ќе ѝ ги пишува песните.

Инаку, Андреа го победи ракот на 20 години, а последните години имала проблем со тироидната жлезда.

– Имам проблеми со тироидната жлезда. Добив неколку килограми вишок поради лоша здравствена состојба, но се надевам дека сè ќе се регулира до крајот на летото. Немам многу време за одмор, бидејќи темпото навистина ми е збркано. Цел ден се возам во комбе, одам на некоја вечера, главно брза храна, правам концерт, па се враќам назад… Не е лесно – изјавила претходно Андреа за хрватските медиуми и признала дека Јелена Розга ѝ е голема поддршка:

– Ние разговаравме за тоа. Се знаеме многу години. Разликата е во тоа што јас имам спротивна форма на болеста од неа. Јас се дебелеам и сум изморена, а таа слабее. Се мачам со тоа во моментов, но се надевам дека сè ќе биде во ред – додала Андреа.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....