2.8 C
Скопје
04:59 - 24 октомври, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Уникондиларна ендопротеза на колено

Уникондиларна ендопротеза на колено е минимално инвазивна процедура во однос на тоталната ендопротеза, при која само оштетениот дел на коленото се заменува со имплант. Се нарекува уште и парцијална, односно делумна ендопротеза на колено.

Гонартроза претставува хронично, дегенеративно оштетување на ‘рскавицата на коленовиот зглоб која предизвикува болка, воспаление и ограничување на движењата. Симптомите се јавуваат постепено и со текот на времето се интензивираат. Во почетокот се изразени при одење, качување, односно, при симнување по скали, а со напредување на болеста болката се јавува и во мирување. Може да се јави оток на коленото, како и вкочанетост на зглобот. Често се јавува и деформитет на коленото во облик на О (варус) или Х (валгус) нозе.

Коленовиот зглоб е поделен на три компартмани (делови): медијален (внатрешен), латерален (надворешен) и пателофеморален компартман.

Тоталната замена на коленото е индицирана кај тешки форми на артритис каде што се заменуваат сите оштетени делови на коленото.

Уникондиларната ендопротеза е хируршка опција кај пациенти кај кои дегенеративните промени зафаќаат само еден дел од коленото (најчесто внатрешниот), додека останатите зглобни површини се интактни – незасегнати, однoсно, не се оштетени.
Индикација за овој тип на хируршка интервенција се поставува врз основа на анамнестички податоци, клинички преглед и рендгенграфија на коленото. Во поретки случаи, потребна е и магнетна резонанца на коленото. Индикацијата за уникондиларна протеза изнесува околу 50% од пациентите со гонартроза, а на тој начин се избегнува поопсежен оперативен зафат, односно имплантација на тотална ендопротеза на коленото.

Кои пациенти се кандидати за уникондиларна протеза

Пациенти кај кои дегенеративниот процес е ограничен само на еден компартман (дел) на коленото, и тоа најчесто внатрешниот. Кај нив треба да постои: Стабилно колено (зачувана функција на преден вкрстен лигамент и колатерални лигаменти); добра мобилност на коленото (зачуван опсег на движења); корективен деформитет на коленото.

Кои пациенти не се кандидати за уникондиларна протеза

  • Пациенти со нестабилност на коленото (скинат преден вкрстен лигамент),
  • Пациенти со ограничени движења на коленото и контрактури,
  • Варус деформитет поголем од 10 степени и валгус деформитет поголем од 5 степени,
  • Обезни пациенти,
  • Дегенеративен процес на повеќе од еден компартман на коленото.

Хируршка процедура

Со мал рез се пристапува до оштетениот дел на коленото. Се отстранува оштетениот дел од менискусот, минимално се ресецира оштетениот дел на коската на тибијата и фемурот и се поставува имплант во коленото. Не се поставува постоперативна дренажа.

Предностисте се: Мал рез; зачувани лигаменти во коленотo; помала постоперативна болка; подобар обем на движења во коленото; помал губиток на крв; кус болнички престој; заменетиот оштетен дел на коленото го штити здравиот од понатамошно оштетување; краток период на опоравување и враќање на секојдневните активности.

Пациентот се вертикализира на денот на операција, со оптоварување на оперираниот екстремитет. Се отпушта од болница вториот или третиот постоперативен ден, во зависност од неговата општа состојба. Отстранување на конци од оперативната рана се врши на 14-от постоперативен ден. Враќањето на секојдневни животни активности е шест – осум седмици после оперативениот третман.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање, закажете термин или консултирајте се на тел. 02 3091 484

Комерцијален текст.

 

 

 

Слични објави

Брега му дал совет на Сергеј Трифуновиќ: „Бракот не ги решава проблемите“

еспресо

(Фото) Анѓелка Прпиќ има повод за славење: Актерката денеска полни 40 години, честитки доаѓаат од сите страни

Еспресо

Јована Јеремиќ ѝ се нафрли на Тања Савиќ: „Ќе ѝ помогнам да ја наполни полупразната Арена“

еспресо

Жика Јакшиќ изнесе информација за состојбата на Саша Поповиќ: Вака се чувствува неговиот несуден кум

еспресо

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство, вистинска драма се одвивала во станот, еве што се случило!

Еспресо

Таткото на Лијам Пејн се соочува со срцепарателно чекање пред да го донесе телото на синот дома од Аргентина: Еве ги тажните детали

еспресо
Се вчитува....