14:03 - 27 ноември, 2026

(Фото) Порасна малиот Лукијан: Синот на Таско наполни една година!

Македонскиот рапер Христијан Тасковски, познат како Таско, и неговата сопруга Наташа имаа прекрасен повод за прослава овој викенд.  Нивниот син Лукијан наполни една година во саботата (22 јуни), а среќните родители сега споделија фотографии од роденденската забава на нивното малечко.

Забавата била тематска, а била инспирирана од стилот на раперот Ноторијус Би-ај-џи, познат и како Биги. Таско и Лукијан биле облечени идентично –  во бела кошула со црни бермуди, црно-црвени патики и црвена марама врзана околу вратот, а Наташа се одлучила за фустан со животински принт, гордо покажувајќи го својот труднички стомак. Да потсетиме, двојката го очекува нивното второ дете и во септември ќе станат родители на ќерка.

„Големата единица“, стои во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Таско
Фото: Инстаграм/Таско
Фото: Инстаграм/Таско
Фото: Инстаграм/Таско
Фото: Инстаграм/Таско

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....