18:49 - 27 ноември, 2026

ПАДНА ОДЛУКА: МТВ го избра нашиот евровизиски преставник (ФОТО)

Васил Гарванлиев и е познат на македонската публика уште од најраната возраст, кога на само седум години го испеа познатиот детски евергрин „Марионка” на фестивалот „Златно славејче”.

На 12 години заедно со неговото семејство се селат во САД каде станува дел од светски познатиот детски хор во Чикаго. Негово образование по соло и оперско пеење го стекнува на некои од најпрестижните музички школи во светот вклучувајќи ги „Академијата Лирика” во Милано, престижниот Кралски Консерваториум и Оперската Школа при Универзитетот на Торонто во Канада.

Прогласен за најмлад, но и еден од најбараните баритони во Канада, тој за време на својата дваесет и пет годишна кариера има испеано над 50 главни оперски улоги, меѓу кои се Дон Џовани, Фигаро, и Лепорело, и како солист во најеминентните фестивали во светот како Банф, Малборо, Бритен-Пеарс и Грахтен.

Неговиот вонсерски талент го препознале и голем број светски музичи ѕвезди меѓу кои Chance the Rapper и YoYo Ma.

ФОТО: Бојан Стоилковски

Во 2018та година, Васил одлучува да се врати во Македонија, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Неговото враќање во Македонија е одбележано со песните „Ѓердан”, „Патувам” и „Мојата Улица”, надополнети со извонредниот акустичен концерт во живо со сплет на македонски евергрини – Дом. Патување. Љубов. – како и голем солистички концерт насловен „Мојата Улица” во Струмица.

Васил исто така минатата година беше дел од успешниот евровизиски тим во Израел во улога на придружен вокал на Тамара.

“Да бидам избран од страна на МРТВ како преставник на Македонија на овогодинешната Евровизија во Ротердам, за мене преставува огромна чест, но и одговорност. Ќе дадам се од себе да ја преставам Македонија уште еднаш во најдобро можно светло, како што тоа го правев и во изминатите дваесет и пет години настапувајќи низ целиот свет. Им благодарам на сите што се дел од ова мое музичкo патување и се гледаме во Ротердам.” 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....