23.8 C
Скопје
14:05 - 29 март, 2024

ОСКАРИ: Историјата на модата на Оскарите преку 10 креации (ФОТО/ВИДЕО)

Веќе деведесет години, Ноќта на Оскарите – покрај филмовите во конкуренција – е синоним за дизајнерските креации што ги носат ѕвездите во таа важна вечер.

Презентацијата на светски познатите дизајнерски имиња, преку облеката, на црвениот тепих е воведена во средината на 60-те години. Со тек на време ваквото модно дефиле стана интегрален дел од шоуто на Оскарите.

Но, облеката што ја носат ѕвездите, исто така, нуди привилегирана гледна точка за да се набљудува развојот на вкусот и дизајните. Затоа, ве потсетуваме на 10 тоалети кои раскажуваат за модата низ минатото на Оскарите и за модните трендови на тие времиња.

Глумицата Мери Пикфорд е една од основачите на Академијата, кон крајот на 1920-те. Во едно од првите изданија, од 1930 година, Мери ја добива наградата за најдобра актерка. Црвениот тепих сè уште не постои (дури ни пренос на телевизија ниту на радио). За првиот Оскар, Мери позира во сатенски фустан во боја на шампањ, украсен со везови. Моден избор сосема во согласност со духот на тоа време. Избор кој веќе ги предвидува сите клучни елементи на „Божествениот“ изглед усвоен од многу холивудски starsвезди од 1930-тите.

Петнаесет години подоцна, во 1945 година, Ингрид Бергман го доби Оскарот за нејзината улога во филмот „Gaslight“. Многу работи се променети: Втората светска војна сè уште трае, а штедењето наметнува трезвена и поумерена облека, исто како црниот фустан што го носи актерката за доставувањето на статуетка. Забележете ги квадратните рамења – типичен елемент на модата од 1940-тите позајмени од воените униформи, здолниште со должина веднаш под колената, а сандалите кои ги носи се со вкрстени ленти.

Прескокнуваме уште десет години и веќе сме во 1954 година. Дебитантката Одри Хепберн го освои Оскарот за најдобра актерка за незаборавниот филм „Празник во Рим“. На церемонијата, Одри се претстави со фустан создаден за неа од Живанши. Фустанот е огледало на трендот на 1950-те години: половината нагласена со тенок ремен, полно здолниште, затворени деколте, и нежни цветни мотиви за да се заокружи изгледот. Фустан кој е олицетворение на парискиот шик.

Фото: Профимедиа

Со сосема различен вкус – и совршено усогласен со слободниот дух на таа деценија – е облеката избрана во 1969 година од Барбара Стрејсенд, која ја доби статуетката за „Смешно девојче“. Станува збор за панталони кои се шират надолу, дизајнирани од Арнолд Скази и очигледно инспирирани од смокингот. Скази го промовираше овој изглед преку Барабара, неколку години порано од Ив Сен Лоран. Легендата вели дека Барбара не знаела дека под сценските светла, ткаенината ќе стане целосно транспарентна.

Фото: Профимедиа

Којможе подобро од Лајза Минели да нѝ раскаже за стилот на 70-те? Особено ако е облечена од Халстон, дизајнерот Халстон, за чие име подоцна се поврзува и легендарното њујоршко Студио ’54. Меѓутоа, овде, сè уште сме во 1973 година, а диско музиката сè уште е во мода. Сепак, сончогледовиот жолт фустан што го носи Лајза на церемонијата за доделување на Оскари веќе ги има сите елементи што ќе станат заштитен знак на „Халстон стилот“, инспириран од гламурот на стариот Холивуд.

Ова се 1980-те, а таа има кратко име – Шер, секогаш била на врвот, но на церемонијата за Оскар во 1988 година ги остава сите без зборови. Актерката / пејачката ја добива статуетката за филмот „Moonstruck“, а на бината се појавува речиси гола. Фустанот е сосема транспарентен, но ублажен само со „стратешки“ апликации на кристали. Креацијата, денес историска, е на Боб Маки, креатор со кого Шер воспоставува долга и плодна соработка.

Фото: Профимедиа

Гвинет Палтроу во 1999 година го доби Оскарот за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“. Актерката избира розов фустан во шеќерна нијанса  и дискретен накит. Фустанот е инспириран од балските фустани од 50-те години, а дизајнер е Ралф Лорен. Инаку, овој фустан е пресвртница за елегантни, но едноставни фустани кои го отсликуваат современиот бон тон на влезот во новиот милениум.

Фото: Профимедиа

Две години подоцна, во 2001 година, Оскарот го добива Џулија Робертс за филмот „Ерин Брокович“. Милениумот се смени, па дури и церемонијата на Оскарите станува се повеќе медиумско шоу. Убавата Џулија избира фустан од Валентино, дизајниран во 1992 година. Тоа е овој неочекуван потег (во тоа време), широко пофален од критичарите и јавноста, да се направи избор од минатата деценија.

Фото: Профимедиа

Уште еден фустан во принцеза стил и во нежна боја. Розовиот фустан кој го носеше Џенифер Лоренс во 2013 година е од Диор. Ќе остане запаметено сопнувањето на актерката од самиот фустан, пред да се качи на бината за да го прими Оскарот.

Фото: Профимедиа

Конечно, го одбираме незаборавниот син фустан од Прада, кој во 2014 година го носеше Лупита Нјонго. Романтичен, но не и сладок. Едноставно совршен, и пред сè: совршен за неа.

Фото: Профимедиа

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо
Се вчитува....