27.1 C
Скопје
08:32 - 3 август, 2026

Оливера Балашевиќ за последната средба со Џоле: Само што подаде рака…

Верувам дека засекогаш остави прозорец низ кој комуницираме до ден денес, изјави Оливера.

Оливера Балашевиќ гостуваше во емисијата „Агапре“ во која прозборе за последната средна до Ѓорѓе Балашевиќ, кога тој лежел во болница откако се заразил со коронавирус.

Оливера во емисијата изјави дека се виделе низ прозорецот и таа средба ја спореди со почетоците на нивната љубов, кога ја повикал да се приближи до прозорецот од студентскиот дом во кој живеела.

– Доаѓаше под прозорецот од мојот студентски дом. Имавме свиреж и по тоа знаев дека пристигнал. Ќе се стрчав што побрзо долу, надевајќи се дека тие моменти ќе бидат полни со смеа, оригинални духовити и дека ќе прошетаме – изјави таа.

– За жал, кога бепе примен во болница, не беше дозволен пристап до инфективното одделение. И тогаш, додека шетав низ зградата, наидов на една познаничка и ја прашав дали отприлика знае каде е неговата соба и каде му е прозорецот. Таа ми рече дека е на приземје и ме однесе зад зградата. И секако се видовме. Само подаде рака и ме поздрави на ист начин, како да нема ништо фатално во тоа. Дека нема разделба – вели Оливера.

– И така е таа наша приказна со прозорците… Верувам дека тој засекогаш остави прозорец низ кој и ден денес комуницираме. Му мавнав и му реков да биде силен и цврст. Го повикував, исто како што тој ме викаше да излезам од студентскиот дом… За него тоа сигурно би била некоја нова песна со која прво би ме расплакал мене, а потоа и генерации и генерации… – изјавила Оливера.

Слични објави

Хороскоп за 3 август: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

Еспресо

Како настанала легендарната песна „Д-мол“ на Балашевиќ: „Оној по кого копнееш не мора да биде далеку од тебе“

Еспресо

(Фото) Се ожени популарниот пејач: На прославата Мина Костиќ и Каспер ја објавија својата венчавка

Еспресо

(Фото) Овој детаљ секогаш го носи на себе: Слобода Миќаловиќ во модерен костим за капење на едно рамо, изгледа подобро од пред 20 години

Еспресо

Емотивен момент на концертот во Сараево: Дино Мерлин јавно ја искажа својата љубов кон сопругата Амели првпат на овој начин

Еспресо

Сочните коцки со свежи праски се вистинско летно совршенство – се подготвуваат лесно и секогаш успеваат

Т.Ц.
Се вчитува....