01:56 - 8 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек се бакнуваат во уста среде улица: Сакаат да им покажат на сите дека немаат проблеми во бракот

Џенифер Лопез и Бен Афлек се „уловени“ од папараците како се бакнуваат на улиците на Беверли Хилс.

Двојката влезе во објективите на папараците за време на саботното семејно шопинг излегување.

Двајцата беа во лежерен стил. Лопез беше облечена во памучен фустан со риги и со тенки прерамки, додека Афлек носеше кошула врз маицата во комбинација со фармерки и патики.

Ѕвездената двојка беше придружувана од децата на актерката од нејзиниот трет сопруг Марк Ентони: 15-годишните близнаци Макс и Еми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Micol 🤍🇮🇹 (@micol_jlover)

Лопез и Афлек страсно се бакнуваа меѓу чекорењето и пазарењето, и покрај гласините за проблеми во бракот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie (@jlo.no1fan)

За двојката многу се пишуваше во последно време особено за несогласувања меѓу двајцата, откако два три пати беа уловени како се расправаат во јавност.

Ѕвездите се венчаа во јули 2022 година, 20 години по нивната прва свршувачка. Афлек првпат ја запросил Лопез во 2002 година, но свадбата, закажана за 2003 година, никогаш не се случила. Во 2021 година ја продолжија врската, а во април 2022 година повторно се верија.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....