7.8 C
Скопје
09:31 - 24 октомври, 2026

Попоски прогнозира до кога ќе има дождови

– Се до крајот на оваа седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и нестабилна воздушна маса.

Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Повремено се очекуваат ИНТЕНЗИВНИ врнежи и локално во текот на оваа седмица ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2). Токму поради ова очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а постои опасност и од локални ПОПЛАВУВАЊА.

Апелираме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на електрични празнења и на силен ветер, но и поради поројните врнежи кои следуваат и кој би донеле опасност од ПОПЛАВУВАЊА.

Во Скопје и околината исто така до крајот на оваа седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 27 степени – вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо
Се вчитува....