02:00 - 4 ноември, 2026

Од латино заводник до гласен навивач – Александар Тарабунов со својата трансформација ја освои публиката во Охрид

Македонскиот пејач Александар Тарбунов – Тара, се појави на големата сцена на „Билјанини извори’“ во рамките на караванот „Силно светнал ден“.

Во Охрид Тарабунов настапи во блокот посветен на нашата најголема ѕвезда, вечниот неппребол -Тоше Проески. Тара се претстави во одлично светло со летниот хит на Тоше Проески  „Морска ѕвездо“ како вистински латино заводник.

Пејачот објави фотографии на социјалните мрежи. Дотеран во преубаво класично црно одело, едноставно надополнето со бела кошула, тој изгледаше светски на сцената.

Александар Тарабунов и Драган Мијалковски во Охрид

Несомнено е дека дарбата за музикалност ја има наследено од својот татко Ванчо Тарабунов.

За пеењето на Тарабунов е излишно да се коментира, тој многу пати докажал како ја освојува публиката кога ќе почне песната. Охрид пееше во еден глас со него.

Но, пејачот изненади во следниот блок кога направи вистинска трансформација. Во рамките на делот посветен на навивачки макдонски песни, тој од латино заводник, господин во одело, се трансформираше во гласен навивач.

 

Ќе се потсетиме дека неодамна Тарабунов  ја објави преработката на култната песна „Прва љубов“, која пред повеќе од пет децении, во 1973 година на Скопскиот фестивал, ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов. Музиката и аранжманот на оригиналната композиција се на Драган Ѓаконовски Шпато, а текстот е на Благоја Стефановски.  Оваа песна доби вистинско добро нов руво.

 

 

 

 

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....