01:34 - 4 ноември, 2026

Јована Јеремиќ ужива со Тигар на плажа, па со една порака чепна во минатото: „Нема право да знае…“

Водителката Јована Јеремиќ направи пауза од работните обврски и периодов е посветена на подготовките за свадбата со боксерот Милош Стојановиќ, познат како Тигар.

Таа неодамна им соопшти на гледачите дека во следниот месец нема да ја гледаат на малите екрани, а сега со својот партнер сподели и дел од моментите што ги поминуваат заедно.

Јована и Тигар објавија фотографии од плажа, покажувајќи како уживаат во заедничкото време. Водителката покрај фотографиите сподели и порака која привлече внимание, особено поради тоа што се однесува на љубовта, разделбата и предавството.

Јована покрај една од објавите напиша:

„Некои средби душите ги договараат пред телата да се сретнат.“

Потоа сподели и цитат со религиозна порака за љубовта и брачните односи:

„Она што Бог ќе го спои, никој не смее да го раздели: Не посакувај туѓ брачен другар, да посакаш туѓо е голем грев, да земеш туѓо е огромна казна.“

Но, најголемо внимание предизвика нејзината порака за предавството.

„Нема право да знае што ти направија ајкулите“

Водителката објави порака која многумина ја протолкуваа како упатена до нејзиниот поранешен свршеник Драган Станковиќ.

„Оној што те напуштил среде океан нема право да знае што ти направија ајкулите, ниту како успеа да стигнеш до брегот“, порача Јована.

Иако не наведе кому конкретно се однесуваат овие зборови, нејзината објава веднаш предизвика реакции, а дел од следбениците ја поврзаа со нејзината претходна врска.

Во меѓувреме, Јована и Тигар уживаат во времето поминато заедно, а нивните објави доаѓаат во период кога се подготвуваат за свадбата.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....