10.8 C
Скопје
03:32 - 28 септември, 2026

ОД КУЈНАТА НА ДАВОР: Бела мусака со пилешко и печурки

Денес со задволство ви го презентираме рецептот на Давор Панчевски за бела мусака со пилешко и печурки. Ова е една вкусна и интересна комбинација на вкусови, која освен тоа што се приготвува супер брзо и лесно сигурни сме дека и ќе стане Вашиот омилен ручек или вечера.  

фото-приватна архива

Потребни состојки:

1 кг пилешки стек

1 лажичка мешан сув зеленчук

Мелен црн пипер по вкус

За бешамел сосот:

1 кромид, ситно исечкан

2 лажици маслиново масло

1 лажица путер

500 г свежи шампињони, исечкани

2-3 чешниња лук, ситно исечкани

2 лажици брашно

1 лажичка сенф

1 лажичка суво оригано

500 мл млеко

200 г рендан кашкавал

фото – приватна архива

ПОДГОТОВКА

Најпрво во тенџере со вода ставете го пилешкото бело месо да се свари заедно со мешаниот сув зеленчук и мелениот бибер. Гответе околу 15-20 минути откако водата ќе започне да врие.

Во меѓувреме, ситно исечкајте го кромидот и во тава на оган загрејте ги маслиновото масло и путерот. Започнете да го пржите кромидот, а веднаш потоа додајте ги и ситно исечканите шампињони. Додајте го и ситно исечканиот лук и гответе околу 5-7 минути додека целата смеса не спласне. Во неа додадете  ги сенфот, ориганото и брашното. Зачинете со мешан сув зеленчук и промешајте. Потоа полека ставете го млекото и внимателно мешајте со помош на шпатула или дрвена лажица додека не добиете убав и густ сос. Свареното пилешко бело месо исечкајте го на мали коцки и додајте го во смесата со печурки и бел сос. Промешајте и целата смеса префрлете ја во огноотпорно тавче добро премачкано со масло за јадење или путер. На крај наросете од ренданиот кашкавал и по желба наросете малку суво оригано или сува мајчина душичка. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 25-30 минути или додека кашкавалот не се растопи и не добие убава златна боја. Оставете 10-15 минути да се излади, а потоа сервирајте.

Мусаката со пилешко и печурки можете да ја послужите со обарен зеленчук, а воедно и со печен компир. Превкусна е во било која комбинација. Забавно готвење!

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....