10:07 - 8 ноември, 2026

Објавена е листата на најбогати познати личности од поранешна Југославија: Драгана Мирковиќ е двојно побогата од Лука Модриќ, а Дино Мерлин пет пати побогат од Здравко Чолиќ

Американскиот веб-сајт Celebrity networth, кој се занимава со проценки на вкупниот имот и финансиските активности на познатите личности, направи листа на најбогати познати личности од поранешна Југославија.

Базата на податоци за нето вредност на „селебрити“ ги содржи и имињата на познати личности од поранешните југословенски простори, од  светот на спортот, музиката и другите гранки на шоубизот, а покрај нивните биографии, тука е и проценетата вредност на нивниот имот.

Убедливо најбогата славна личност од „нашите“ простори е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, чие богатство се проценува на 220 милиони долари.

По него е, верувале или не, Босанецот Дино Мерлин, кантавтор, музичар и продуцент, со нето вредност од 100 милиони долари.

На трето место е српска поп-фолк пејачка Драгана Мирковиќ, која има нето вредност од 100 милиони долари. Таа е родена во Касидол, Југославија во јануари 1968 година. Драгана е една од најуспешните уметници од поранешна Југославија, а популарна е и во Бугарија и Романија.

Драгана и нејзиниот сопруг се сопственици на сателитскиот балкански музички канал DM SAT, па веројатно најмногу им е оттука богатството.

Потоа следуваат: хрватскиот фудбалер Лука Модриќ – нето вредност од 75 милиони долари, Лепа Брена со вредност од 25 милиони долари, босанскиот фудбалер Един Џеко со вредност од 25 милиони долари, а зад него со 20 милиони се Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....